“Децата во шарениот свет на сликовниците

43
Гевгелија 18 октомври 2022
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија ја одбележа Детската недела во соработка со „Литера“. Гевгелија беше домаќин на дводневниот Меѓународен фестивал за литература и
илустрација за деца. Во двата дена, на работилниците во основните училишта и Народниот театар, најмалите имаа можност да се запознаат со процесот на создавање сликовница, да читаат,
цртат и обработуваат сликовници од домашни автори, да  разговараат на тема: „Сликовница без граница“, а, исто така, на Изложбата во Народниот театар да ги погледнат илустрациите за
деца од Кристијан Јовановски, Наташа Андонова, Инес Ефремова и Надица Златкова.
– По овие работилници, децата ќе можaт да размислуваат во боја. Како ликовен уметник, сметам дека илустрацијата како медиум е јазично средство за визуелно појаснување на една идеја. Целта што сакавме да ја постигнеме со гостувањето на „Литера“ во Гевгелија е да им се промовираат на децата
вистинските вредности во однос на умeтноста, културата и начинот на живеење. Работата со деца е како да се занимавате со иднината. Македонската илустрација во последните неколку години е во голем подем и тоа благодарение токму на „Литера“,
истакна директорката на ЈОУ Дом на култура, Мирјана Крстева Массетти.
Фестивалот беше посетен и од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој го изрази своето задоволство што бил дел од овој настан, исполнет со детска насмевка, цртежи, сликовници и голема радост.
– Најважно е да вложуваме во децата и нивниот развој за Гевгелија да остане нивен дом. А домот е кај што е срцето, тема која ја обработуваше и тимот на Литера, истакна Сарамандов.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.