ЕКСКЛУЗИВНО: Бенџи Арслановски, Албанец со потекло од Македонија на насловни страници во Америка!

989
Валентина Ѓоргиевска Парго
Ако овие денови на гугл го впишете името на Бенџи Арслановски (51), ќе Ви излезат бројни линкови од најпознатите светски медиуми, портали, телевизии, весници, вклучувајќи и Вашингтон пост, открива “Куларт”.
Веста е дека овој сопственик на ресторанот “Оур плејс” во Северен Тексас, минатата недела преку својот добавувач нарачал млеко за деца и како подарок го делел на мајките, затоа што имало недостаток, поради што мајките биле во паника.
Веста стигна и до американскиот претседател Џо Бајден, а честитки и одушевувања од постапката на Бенџи стигнаа од сите страни.
И сѐ би било “сосема обично” за нас, доколку Бенџи не е со потекло од Македонија, неговиот татко Ариф и неговото семејство, Арслановски или Батовци се од преспанското село Подмочани.
Семејство многу одамна е  познато како хумано, космополитско и истакнато во борбата за човековите слободи.
Нивната куќа за Време на Втората светска војна била дом во кој се криеле партизаните во тајна скривница, а по војната скривницата била претворена во Музеј во кој доаѓале луѓе да ја посетат.
Членовите на ова семејство биле истакнати и вредни земјоделци, учители, професори, и пред сѐ прекрасни соседи, а денес потомците на Арслановци се отселени претежно во Америка, во Скопје и на други места, каде се  успешни бизнисмени и интелектуалци и познати  хуманисти.
Неговата братучетка Пакизе Арслани, ќерка на преспанецот Иштреф Арслани, пред 15-тина години беше прогласена за Мис на националниот избор за Мис на Америка.
***
Дел од линковите за хуманиот гест на господин Арслановски:
https://www.washingtonpost.com/nation/2022/05/18/restaurant-owner-donates-formula/
https://www.cbsnews.com/app/?ftag=CNM-16-10abd6g&url=https://www.cbsnews.com/news/baby-formula-shortage-restaurant-owner-taps-stash-gives-it-away-parents-free/&ftag=CNM-00-10aab4i&_amp=1*tpt0nj*s_vid*NDVmRW9xT25YM2JHMjJOYUE2WnRXdDZPYk5yQ29ZREtrSTNwNko3OXNnaTBlUjg5Wk1nYVRpVnZPVWlLNkRRVg..
 
 
https://www.usatoday.com/story/news/nation/2022/05/17/texas-restaurant-owner-free-baby-formula-shortage/9804460002/
 
https://www.google.com/amp/s/nypost.com/2022/05/20/texas-man-gives-away-300-cans-of-baby-formula-amid-shortage/amp/
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.