ЕКСКЛУЗИВНО НА ВЕЛИГДЕН ВО МАЛМЕ: Македонците масовно го прославија најголемиот празник Воскресението Христово во црквата Свети Наум!

86

Специјално од Малме: Валентина Ѓоргиевска Парго

5.06.2024

Со неколку часовна молитва и со голема масовност од православни верници од македонската заедница во Малме, синоќа со радост беше дочекан и прославуван најголемиот христијански празник Велигден.
Со трикратната порака „Христос воскресна- Ваистина воскресна“, неколкуте стотици Македонци се поздравуваа меѓу себе.
Импресивна глетка во големата црква Свети Наум, во која беше задоволство да се гледаат и најмалите генерации како со свеќи во раце го осветлуваат доаѓањето на големиот празник, а и припадниците на повозрасните генерации.
Ексклузивно на самиот настан беше и медиумски преставник на КулАрт и дел од таа впечатлива атмосферата ја регистрира со виде снимка. Copyright

Патувањето е овозможено од ТА. Џина Брага Сиднеј и медицински центар “Холиомедика”- Скопје

Медиумска соработка: Симе Георгиевски- Радио Преспа и Скидроу Сиднеј, Живко Поповски Цветин- Здружение “Гороцвет”, Татјана Гогоска- портал за култура “КулАрт”.


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.