Фестивал на италијанска храна на плоштад Македонија, на 4 и 5 декември

225

Фестивалот на италијанска храна во Скопје, ќе се одржи на плоштад Македонија, на 4 и 5 декември , во организација на Амбасадата на Р. Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje.
Настан на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.
Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…
Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.
Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите COIN CASA, NEPTUN, BOTTEGA DEL GUSTO, EUROLAB, BOTTEGA DEL VINO.
На 4 декември во 12 часот настанот ќе го отвори Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри. Цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо,
дружење и уживање во италијанска храна.
Во сабота, 4 декември, од 15 до 17 часот, посетителите ќе можат да уживаат во несекојдневно музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ!
Учесници на настанот се: Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб, ИТА Бренд, Амброзија Беха, Јес паста, не информира ICE Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.