Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Радовиш на 10 и 11мај

829

Џифони Македонија продолжува да патува низ Македонија. На 10 и 11мај в оЦентарот за Култура “Ацо Караманов” ќе се одржи Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Радовиш“.

„Џифони патува” е проект наменет за младите од нашата земја, кој преку ширење на идеите на најголемиот фестивал за млади во светот „Џифони Експириенс” од Италија и активно ги вклучува најмладите вљубеници во филмот и културата.

Во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат по дводство на актерот Столе Мицов, а преку работилниците младите ќе ја развиваат својата креативност. Фестивалскатапрограма „Џифони патува“ во Радовиш се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Радовиш и Италијанската амбасада во Скопје.

Џифони во Кичево

„Џифони патува” досега се одржа во тринаесет градови во Македонија и тоа: Прилеп, Охрид, Битола, Штип, Тетово и Берово, Крушево, Велес, Струмица, Кочани, Струга, Гостивар и Кичево, а во до крајот на мај ќе патува и во Ресен и Куманово.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.