Форум за Родово Одговорно Буџетирање во Скопје 

24
Форум за Родово Одговорно Буџетирање, насловен како “Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан & Молдавија” ќе се одржи на  19- 20 октомври 2023во Јавна Соба, Скопје, на официјален јазик англиски .
Форумот има за цел да го унапреди доброто владеење преку зајакнување на граѓанските организации ефикасно да ги користат алатките за родово одговорно буџетирање.
Форумот за Родово Одговорно Буџетирање е заедничка иницијатива во рамки на проектите проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија и Мрежата за родово одговорно буџетирање поддржана од Австриската развојна агенција (ADA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), со дополнителна поддршка од Централно европската иницијатива – CEI.
На форумот ќе учествуваат експерти од цела Европа, меѓународни организации, активисти од ГОи, владини претставници и други засегнати страни. Форумот има за цел да ја поттикне размената на ефективни методологии за унапредување на доброто владеење преку примена на алатките за РОБ, со фокус на градење синергии меѓу постоечките мрежи и засегнати страни, а со тоа ќе поттикне идно заедничко застапување и дејствување на национално, регионално и меѓународно ниво.

Форумот има за цел да постигне повеќеслоен пристап кон родово одговорното буџетирање преку презентирање на различни искуства во трансформирањето на локалните заедници, со фокус на информирање на глобалните стратегии. Тој се стреми да ги подобри методологиите и алатките за следење на меѓународното финансирање насочено кон родовата еднаквост. Понатаму, форумот се стреми да генерира методолошки идеи за РОБ со цел ефективно да придонесе за ублажување на климатските промени и напорите за адаптација.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.