Геодетска комора: Законските измени да се носат во инклузивен и транспарентен процес

6
18.06.2022, Скопје
– Законски решенија кои ќе бидат применливи во пракса и кои ќе креираат правна рамка за надминување на предизвиците и создавање на окружување за фер натпревар за сите економските оператори може да се донесат единствено во инклузивен и транспарентен процес, апелира Комората на трговски друштва за геодетски работи.
Во таа насока го поздравуваме почетокот на процесот за изготвување на нови предлог законски решенија заКатастар на недвижности и регистри и за Геодетска дејност и формирањето на
работна група, но инсистираме на вклучување на Комората во сите фази од процесот на соодветен начин. Досега се одржа една јавна расправа на која Комората ги сподели своите предлози за унапредување на геодетската дејност:
 Комората искажа несогласување во однос на  временската динамика на Агенцијата за катастар на недвижности, која пет години ги најавуваше овие законски решенија, а сега се носат со брзо темпо без доволно време за
разгледување и дискусија. Комората иако инсистираше, не беше вклучена во изработката на законите измени, поради што сега инсистира на внимателност и крајна претпазливост во подготовка на забелешки.
Комората состави своја работна група, која веќе има доставено забелешки по однос на Законот за катастар на недвижности, а во тек на подготовка се и забелешки и по Законот за геодетски дејност. Овие забелешки, ќе бидат појдовна основа во разговорите законечните законски решенија.
 Според досегашните согледувања работната група споделува видување дека предложените законски решенија не нудат иновативност и не ги следат
најдобрите европски и светски трендови и практики за подобрување и унапредување на приватниот геодетски сектор, туку напротив ги надоградуваат моментално лошите законски решенија кои се однесуваат на работата на приватниот сектор.
Истакнуваме и став дека не смее и нема да се дозволи надворешно мешање во работата на Комората околу нејзината уставно загарантирана независност.
Гласно и отворено ќе се реагира и во делот на казнените и репресивни политики, сузбивањето на монополот, кој Агенцијата за катастар традиционално го стимулира, а ќе се бара и
преиспитување на функционалноста на т.н. јавно пренесени овластувања на Комората, но и за многу други работи кои ги засегаат членките на Комората, а кои доведуваат до анимозитет на приватниот во однос на јавниот геодетски сектор.
Токму едно од тие пренесени јавни овластувања за предлагање на Тарифникот за висина на надоместок е практично нефункционално и
непроменливо. Ова е еден од главните проблеми кои ги засега членките на Комората, бидејќи се приморани да работат по цени кои се далеку од
реалната исплатливост, а тарифниот кој е изготвен во 2013 година е полн со нелогичности  и грешки. Комората во 2019 година предложи до Агенцијата нов тарифник, но тој под изговор дека не е во согласност со методологиите на Агенцијата, две години откако беше доставен предлог е одбиен, без притоа на Комората да и се укаже и да и се достави методологијата по која треба да биде изработен.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.