Преземено од ФБ страницата на ЈП Лајка:
Знаете ли колкаво е влијанието на милениците врз нашето психофизичко здравје? Редовното шетање или џогирање со вашето куче ви дава можност да вежбате и да одржувате здрав начин на живот.
Истражувањата покажуваат дека сопствениците на кучиња имаат понизок крвен притисок, помалку стрес и унапредени механизми за соочување со стрес; помал ризик од дебелење, дијабетес и срцеви заболувања.
Исто така, кучињата се одлични терапевти за емоционална поддршка.
Поминувањето време со куче може да помогне да се намалат симптомите на депресија, осаменост и анксиозност.
Милениците ви овозможуваат постојано и незаменливо друштво и неверојатно добро ги забележуваат емоционалните потреби на оние кои ги сакаат.
Воедно комуникацијата и размената искуства со други лица кои имаат миленик отвора можности за вистински силни и долгорочни пријателства.
Истражувањата укажуваат на тоа дека милениците позитивно влијаат врз здравјето на телото и мозокот.
Затоа уживајте во друштво на својот крзнен пријател, посетете го најблиското прифатилиште за животни и започнете свој поздрав начин на живот.
Вдомувањето спасува живот на друго битие, но го облагородува животот на оној кој вдомил. Вдомете миленик, вдомете куче!
***
Дел од оне кои чекаат нов топол дом, а може да ги најдете во “Лајка”:
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.