Годишен концерт на “Мистик” 

30
17.06.2022
 Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија, денеска, со одржување на Годишен концерт, насловен Summer dance show 2022 година, ќе го одбележи 15-годишниот јубилеј од неговото
работење. Со урбани танци, членовите ќе се претстават пред публиката, на сцената во Големата сала на Народниот театар-Гевгелија. Концерот започнува во 21 часот.
Раководителот и уметничкиот кореограф, Александар Аврамов, истакна дека, по напорната работа и вежбање, со нетрпение го очекува претставувањето на членовите на танцовото студио „Мистик“, со кое ќе се одбележи 15-годишниот јубилеј од неговото работење.
„Мистик студио“ со години назад преку модерни танци ја претставува Општина Гевгелија на државно и меѓународно ниво.
Започнало да работи во 2008 година, како Секција за урабни танци во Пионерскиот дом. Со текот на годините, бројот на членови се зголемува, за да прерасне во едно од позначајните
танцови студија со богата програма, одржани годишни концерти и учества со постигнати награди на државни и меѓународни  натпревари.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.