Црвениот крст на град Скопје информира дека од понеделник, Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје, ќе работи со ново работно време.
Центарот ќе биде отворен секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот
Од Црвениот крст на град Скопје ги повикуваат граѓаните да го посетат Центар и да направат хуман гес на дарување крв, на добро познатата локација во Домот на хуманирани организации „Даре Џамбаз“.
