Почетна ЖИВОТ Хуманост и семејни вредности ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Семејство- тоа значи да се има цел еден свет,...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Семејство- тоа значи да се има цел еден свет, дома!

86

Младиот градоначалник на Кисела Вода Скопје, господинот Орце Ѓорѓиевски, кој со своите дела и организираност откако е на оваа функција целосно ја смена “плочата и песната” и успеа да влијае во позитивна насока, трансформација и промена на “мајндсетот” на целото општеството, денес напиша позитивен пост во чест на Меѓународниот ден на семејството, сподели со јавноста фотографија од своето семејство и цитат од Мајка Тереза.

Ѓорѓиевски во јавност често го нагласува својот мотив кој одушевува дека работи чесно за да остави “образ за својот син”, нешто што е делотворно и благотворно за многу идни поколенија, а со пари не се купува туку за тоа оценуваат луѓето, а дека се придржува до кажаното, сведочат поддршката и честитките кои секојдневно му ги упатуваат огромен број од жителите на оваа населба од сите генерации, и му посакуваат и да стане градоначалник на цело Скопје, за да нештата ги доведе во ред, во заеднички интерес на сите.

Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на ценетиот скопски градоначалник:

Семејство – тоа значи да се има цел еден свет, дома!

Секоја помината секунда со семејството е посебно важна и бесценета.
Луѓето кои се околу вас, кои ве поддржуваат во секоја одлука и ви велат храбро да продолжите напред дури и кога знаат дека можеби грешите, оние со кои заедно се смеете на убавите работи, тагувате на лошите, оние кои бескрајно ги сакате и покрај сите проблеми и несогласувања – тие се вашето семејство за кое сте спремни да се борите со сите сили да го заштитите и да го направите среќно.

Среќно семејство, она кое живее во хармонија, во кое има позитивна комуникација се рефлектира на нашите, вашите деца и токму тоа им го трасира патот кон иднината и ги гради како личности.

Вредностите кои им ги пренесуваме се клучни за понатамошниот живот на нашите деца.

Затоа, секогаш да имаме добра мисла и разбирање, спокој и што повеќе убави моменти, бидејќи сплотено семејство е олицетворение на нашата љубов која нѐ топли дури и кога ни е најладно.
Тоа е чадор кој нѐ заштитува дури има силни бури.

Нека е честит Меѓународниот ден на семејство!

Бидете здрави, живи и секогаш среќни!

,,Што можете да направите за мир во светот?
Одете дома и сакајте го своето семејство!”
– Мајка Тереза

metropolis-big