Игор Џамбазов и Дани Димитровска ќе пеат за Фит Кидс

25

Игор Џамбазов и Дани Димитровска ќе пеат за Фит Кидс

Невладината организација ХЕСЕД во соработка со Центар за боречки спортови – Работнички Адора најавува голем добротворен настан под мотото „Пееме за Фит Кидс“ кој ќе се одржи на 18 ноември во Equilibrium Day & Night со почеток во 20 часот. Ќе настапат звучни имиња од естрадата, како Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Адриан Азири, Марија Новак и План Г Бенд. Влезниците се веќе во продажба, а сите собрани средства ќе бидат искористени за реализација на проектот „РЕКРЕАТИВНА ГИМНАСТИКА И ФИЗИЧКИ РАЗВОЈ ЗА ДЕЦАТА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК“.

Пејачи и актери ја поддржаа хуманата иницијатива на ХЕСЕД во чиј фокус се децата во социјален ризик. Целта на овој проект е да се овозможи децата во социјален ризик да се вклучат во еден организиран воспитно-образовен и тренажен процес, со цел да се подобрат нивните психо – физички перформанси и способности, за пред сѐ да имаме здрави личности кои ќе бидат иднина на нашето општество. Иновативен спорт кој ќе придонесе можност за инклузија со деца од биолошки семејства. Спортувајќи, децата во социјален ризик ќе се социјализираат, а со тоа ќе развиваат позитивни особини како дружење, меѓусебно почитување, толеранција, соживот, упорност, трудољубивост, пожртвуваност, дисциплинираност и слично, што во крајна линија се придобивки кои воопшто спортот може да ги искалеми уште од најрана возраст кај децата.

ХЕСЕД и Работнички Адора повикуваат на хуманост, заедништво и отворени срца. Влезниците за настанот се веќе во продажба и може да се набават онлајн на https://mktickets.mk/event/fit-kids/ или во продажните места од нивната мрежа, како и директно во просториите на Работнички Адора, Еквилибриум во Аеродром, или дирекно во контакт со лице од Хесед на тел.: 070881192

Заеднички да станеме општествено одговорни и да уживаме во хуманоста.

„Бараме поддршка од сите кои имате хумано срце и сакате добра забава со градски грув низ блузот на Игор, Рок експлозија со многу љубов од Дани, комично реалната претстава на Адриан која не смеете да ја пропуштите, настапот и водството на Марија кое топли срца и секако забавата која ја спремаат План Г Бенд во екс ју рок издание. Настан од сите нас за децата во социјален ризик. Биди и ти инволвиран во оваа забава“, повикуваaт Марина Христова, претседател на Организацијата Хесед и Благој Марковски, председател на спортски центар КБК „Работнички Адора“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.