Конкурс за фотографија “Кожуф во зима”

37

ПСК „Двете Уши“ од Гевгелија распиша Конкурс за фотографии инспирирани од Кожуф Планина во зимски услови.
Како што велат организаторите, „Кожуф во зима“ е отворен конкурс, со испраќање фотографија, по можност со висока
резолуција, погодна за печатење, направена во периодот од 21 декември, 2021 до 21 март, 2022 година, со краток опис и датум кога е фотографирана.
Еден учесник може да се учествува со најмногу три фотографии. Конкурсот е отворен до 21 март, 2022 година, а фотографиите треба да се испратат на официјалниот меил на ПСК „Двете Уши“: [email protected]. Имено, поканети
се сите фотографи на различна возраст, со можност да добијат парична награда.
Победник е оној кој за своите фотографии ќе добие најмногу допаѓања на Фејсбук-профилот на ПСК „Двете Уши“, каде ќе бидат објавени. Периодот за избор на најдобрата фотографија е од 1 до 15 април, 2022 година.
Доделувањето на наградата ќе биде на изложбата која е планирана да биде
одржана на 20 април, годинава.
Повеќе информации за Конкурсот на следниов линк:
https://www.facebook.com/events/1128343431322222/.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.