Крводарителска акција во хотел  “Аполонија”

14
На 26 април 2023 година, во организација на ОО Црвен крст- Гевгелија и хотел-казино „Аполонија“ ќе се одржи традиционалната крводарителска акција за вработените во
„Аполонија“ и граѓаните од општина Гевгелија. Под мотото: „Крвта да го чека болниот, а не болниот да ја чека крвта“, а во соработка
со Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на хотел- казино „Аполонија“, крводарителската акција ќе започне во
09:00 часот, а ќе трае до 16 часот.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да земаат учество на крводарителската акција, се со цел да биде најмасовната досега, со поголем број собрани крвни единици.
Всушност, оваа крводарителска акција е продолжение на традиционалната „Аполонија- Ден на крводарувањето“, која ќе го доживее своето 23. по ред одржување.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.