Награда за публицистот Ненад Баткоски

161

На реномираниот новинар, публицист и преведувач Ненад Баткоски, за долгогодишна соработка и поддршка на Мисијата на мирот со цвеќето, неуморниот уметник- миротворец Живко Поповски Цветин, му додели “Цветинова награда за мир”.
Баткоски работеше за весниците “Борба”, “Република” и други, а како сопственик на издавачка куќа “Бата прес” во текот на неговото издаваштво секогаш ја поддржувал и афирмирал каузата за мир.
Деновиве, на 25.02.2022 славеше 64 роденден и стана пензионер.Тој е од Вевчани, роден 1958 година.
Изјави дека ова му е досега најдрагата добиена награда.
Цветин, како светски афирмиран миротворец и миропочитувач, изминатиов период додели неголку награди за мир, на личности кои својата работа и кариера ја ставиле во функција на градење мир и заедништво, на Димитар Илиевски, Ферид Мухиќ, Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе.Ѓе, Македонско Радио, “Нова Македонија”, Ратомир Грозданоски, Ставре Димитров- Стадим, Јелица и Атанас Николовски и други.
Тој во неколку наврати беше кандидат за Нобелова награда за мир и влезе меѓу првите пет во светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.