Панел дискусија на “Филтер” за текстилна индустрија

68

Во рамки на проектот “ФИЛТЕР”, здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија “3.14 Брокули”, организира панел дискусија на тема: “Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии”.
“ФИЛТЕР” е проект за одржливи системи и кружна (циркуларна) економија.
Во согласност со присуството на отпад и неговата селективност, идејата на “ФИЛТЕР” е да обезбеди неформална едукативна и практична програма за работа со повеќе од 7 типови на органски и неоргански отпад.
“ФИЛТЕР” е медиум каде можат да се споделат нови идеи, модели и пракси, со цел креирање на функционални и еколошки одржливи производи.
Првата епизода под наслов: “ФИЛТЕР – Текстилна индустрија” e за намалување на текстилниот отпад преку кружни економии. Планирано е да се обработат повеќе теми: текстилниот отпад како нов ресурс за работа, нови “зелени” материјали за работа, циркуларна економија, еколошки менаџмент, започнување на сопствен бизнис, моден дизајн и други.
Проектот “ФИЛТЕР – Текстилна индустрија” е организиран со финансиска поддршка од Британскиот совет во Република Северна Македонија, во соработка со “Кинотека на Република Северна Македонија”, Текстилната компанија “ММЦ Прогрес” и “КОКОС Продукција”.
Настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од КОВИД-19 назначени од Влада на Република Северна Македонија.
Локацијата е “Кинотека на Република Северна Македонија”, на ден 02.04.2022 година, со почеток во 12 часот.

Модератор:

– Мартин Анастасовски

Панелисти:

– Проф. д-р Пеце Недановски (Економски факултет – Скопје)

– Марија Божиновска Богојевска (Директор за Увоз-Извоз во Окитекс ДОО)

– Проф. д-р Игор Јорданов (Институт за текстилно инженерство)

– Христина Алексовска (Одговорен соработник во “Копче”)

– Александра Спасеска (Новинар, преведувач, активист, дел од тимот на Fashion Revolution Macedonia)

– Ирина Тошева (Моден дизајнер)

– Драган Христов (Моден дизајнер)

За пријавување :
https://docs.google.com/forms/u/0/d/e/1FAIpQLScOWfhZ9E0ClIhQsyqWzwA4DujiXfJja5FbsG7PfbftXSJL2Q/alreadyresponded?usp=pp_url

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.