Како што ниеден маж нема право да крене рака на својата жена, така и ниедна жена нема право да крене рака на својот маж!

21

Општина Гевгелија во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија се приклучија во глобалната Кампања „16 дена активизам за борба
против насилство врз жените“ за одбележување на 25 Ноември, Меѓународниот ден за борба против семејното насилство врз жената. За таа цел, на јавните места, информативните табли и локалните институции во Гевгелија се залепени транспаренти со пораки за подигање на свеста и можноста за спречување на семејното насилство врз жената, но и спречување на семејно насилство воопшто, и врз мажите и децата:
-Како што ниеден маж нема право да крене рака на својата жена, така и ниедна жена нема право да крене рака на својот маж!
Потсети се на ова и спречи семејно насилство!
-Како што ниедна жена не треба да биде навредувана, туку почитувана, така и ниеден маж и ниедно дете не треба да бидат навредувани, туку почитувани! Потсети се на ова и спречи семејно
насилство!
-Ниту една жена, ниту еден маж и ниту едно дете не треба да се почувствуваат небезбедно, загрозено и несигурно во својот дом! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!
-Никој не треба да трпи семејно насилство! Потсети се на ова и пријави семејно насилство!
-Не дозволувај финансиите во семејството да бидат причина за злоупотреба! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!
-Телото на жена, маж или дете не е за искористување и за задоволување на сопствените сексуални нагони! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!
-Детето не е за ништо виновно на светот за да биде запоставено!
Потсети се на ова и спречи семејно насилство!
-Не сте силни ако ја покажувате својата сила кон послабите!
Потсети се на ова и спречи семејно насилство!
-Не дозволувај твојот близок да биде жртва на семејно насилство!
Потсети се на ова и спречи семејно насилство!
-И негрижата за старите и изнемоштени лица во семејството се смета за семејно насилство! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.