Ќе се дарува крв за Голема Богородица

23
СКОПЈЕ, 26.08.2022: Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и
Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2022 година, традиционално, по јубилеен 20-ти
пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 9 до 17 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од
недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на
граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 19 реализирани
акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција.
Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.