КОГА РАЗУМОТ НАДВЛАДУВА: Гест на скромност, новогодишно украсување на градот со декорациите од минатите години

74
Градот Гевгелија треба да послужи за пример во овие кризни времиња. Гевгелија во пресрет на новогодишните и божиќните празници ќе биде новогодишно украсена, а новогодишната елка ќе биде поставена во центарот на градот. Меѓутоа, годинава, нема да биде распишан нов тендер за новогодишно украсување. Имено, одлучено е за новогодишно украсување да се користат елките и украсите со кои располага општината. Тоа значи дека од Општинскиот буџет за новогодишно украсување нема да бидат користени дополнителни средства. Според градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, поради енергетската криза и воопшто потребата од заштеда на средства, одлучено е градот и неговото централно градско подрачје да бидат украсени со новогодишните украси, со кои располага Oпштината. На тој начин нема да им го скратиме задоволството на граѓаните да го почувствуваат новогодишниот амбиент. Во ЈПКД „Комуналец“ и надлежните служби веќе се подготвуваат за новогодишното украсување и од наредната недела ќе започнат со поставувањето на елката и новогодишните украси, нагласува Сарамандов
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.