Конкурсите за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани и Месни заедници до 30 декември

41

Конкурсите за финансиска поддршка на Општина Гевгелија на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности и за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2022 година завршуваат на 30 декември. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнаки: „Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2022 година“ и „Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2022 година”.
На Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности имаат право да учествуваат сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија, согласно Законот за здруженија и фондации. Додека, на Конкурсот за финансиска поддршка на културните активности имаат право да учествуваат сите активни Месни заедници, со легитимни органи на управување, коишто ги претставуваат интересите на жителите од своето населено место.
Резултатите од Конкурсите ќе бидат во вид на Програми, кои ги носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе бидат објавени во Службен гласник и веб-страницата на Општината.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.