По двегодишната пауза поради КОВИД-19 пандемијата, Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија им се врати на учествата на Меѓународните натпревари по модерен танц.
Членовите на „Мистик“ беа дел на „Денс фестивалот“ во Нови Сад, Србија, кои со своите кореографии во конкуренција на повеќе танцови групи од земјите на Балканот освоија четири награди. И
тоа: прво место хипхоп групата мини деца, второ место групата деца и две трети места групата јуниори и јуниори 2. Кореографот Александар Аврамов, задоволен од претставувањето, изрази благодарност до Општина Гевгелија и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, за поддршката на активностите на Танцовото студио, преку Програмата за финансирање на културните активности во 2022 година.
„Денс фест“ во Нови Сад е танцова манифестација која ги собира љубителите на танцот, танчерите, тренерите, кореографите и реномираните свестки стручњаци од оваа област.
Целта на фестивалот е создавање услови за промоција на младите таленти, како и размена на идеи и поддршка на танцовите уметници.
Награди за гевгелиски “Мистик” во Нови САД
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.