Нови медали за младите битолски каратисти

45

Карате клуб „ЗАНШИН ДО“- Битола на државното првенство за кадети, јуниори и У21 кое се одржа на 04. 11. 2023 година во ООУ „ Антон Димитров„- Бутел настапи со 9 натпреварувачи и се закити со три бронзени медали и еден пехар.
Со бронзен медал се закитија во ката тим кадети /јуниори женски Елена Јончевска, Емилија Илковска и Леона Алиловска, Стефанија Петковска се закити со две бронзи во ката У21 и во кумите У21- 55кг.
-Ова е голем успех за нас како клуб меѓутоа е уште поголем успех за Битола, бидејќи Битола одамна не добила пласман во КФМ во кадети, јуниори и У 21 за на Балканско првенство, велат од клубот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.