Пејачот Тошевски повторно на радио како водител

52

На Стар радио едно од најслушаните интернет радија кај нас, секој вторник точно на пладне, во 12 часот, слушателите може да уживаат во емисијата “Ретро ѕвезди” со Даниел Тошевски.
Целта на оваа емисија е десетте најбарани песни во текот на целата недела, да бидат сместени и да ги слушнеме во една емисија.
Меѓу секоја песна има краток говор односно мал потсетник,со информации за тоа песната што ја слушаме од кој албум е, која година е издаден албумот и под кој број се нашла песната на албумот.
-Со ова сакаме да ги испочитуваме нашите слушатели и нивните желби и се надеваме дека уште повеќе ќе допреме до нашите почитувани радио-пријатели.
Ваше е да си посакувате музички желби а наше е секој вторник да ги исполнуваме најбараните љубовни балади од поранешните југословенски простори, вели водителот Даниел Тошевски, познат и како музичар и исполнител на новосоздадените и стари македонски народни песни.
Техничко-музичка реализација Горан Спасовски Шојка. https://radiostar.com.mk/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.