Почнува со работа Здружението “Јуникорн”

Во април оваа година се основа хуманитарното здружение за поддршка на деца со пречки во психо природниот развој и деца од социјално загрозени семејства- “Јуникорн”.

Здружението официјално отпочнува со дејности во четврток во 18:00 часот и ќе биде промовирано на 28 Ноември 2024 година, во просториите на ,,ЈУ Дом за култура, Ко-Ра”, ул. Димитрије Чуповски бр. 20а Скопје.

Идеата да се формира здружение од овој карактер се роди пред 6 години и тоа од дете кое во тој период имаше 8 години, Христиан Јовановски.

Еве што раскажува мајката на Христиан за случката по којашто тој гласно се изјасна дека сака да им помага на децата кој имаат попречености во психофизичкиот развој – аутизам:

-Христиан е роден во Мелбурн, Австралија, но од негова четири месечна возраст често ја посетуваше Македонија и тоа до два пати годишно. Во тие доаѓања некогаш останувавме и по два до три месеци во Македонија, а Христиан престојуваше во дневен престој во градинката “Детско царство” на улица Партизански Одреди во Скопје. Но кога Христиан порасна немаше потреба да биде во дневен престој. Поради поврзаноста со негувателките имаше обострана желба за средби, воедно и да поигра и со дечињата што се во дневен престој. Тоа траеше сѐ до неговата 8 годишна возраст кога се случи следнава случка: Изминаа десетина минути како тој си играше со дечињата кој престојуваа во најголемата, предучилишна група, но забележа дека едно детенце се однесува поинаку од останатите. Со поглед ја праша негувателката што се случува? Одговорот беше дека и тоа детенце е на 8 годишна возраст како Христиан но мора да доаѓа во градинака затоа што има аутизам, а социјалните установи сѐ уште немаат најдено погодно училиште за него. Затоа тој мора да доаѓа во градинка. Во истата секунда Христијан побледе, потемна, ги поткасна долните усни и ме замоли да си одиме. Излегувајќи од градинката ме стегна за рака и изговори: “Мамо еден ден кога ќе пораснам и станам познат тенисер (Христиан од 5 години игра тенис), или кога ќе работам и заработувам свои пари ќе изградам дом, куќа каде што ќе живеат деца кој имаат аутизам, ќе им помагам на овие дечиња”. Додека го кажуваше ова во очињата му светеа солзи, а моето срце се распарчи на илјада парчиња…Пред три години се вративме од дијаспората со желба да живееме во Македонија. Христиан неколкупати го прераскажа овој настанот и секогаш со ист ентузијазам и со иста желба кога ќе стане полнолетен дека сака да основа здружение и да ги оствари замислените хуманитани цели. Тоа ми беше поттик затоа јас како негова мајка да разговарам со некои луѓе што добро го познаваат Христиан и неговите амбиции, затоа знаев дека ќе ми помогнат заедно да ја реализираме неговата идеа. Така на 17 Април 2024 се формира здружението Јуникорн 2024 – Скопје, ни раскажа мајката Оливера.

Членови кој моментално се дел од управниот одбор се Оливера Јовановска – претседателка, Елеонора Николовска, Ванѓа Радевска, Љупчо Јовановски и Благоја Радевски. Со тоа што кога Христиан ќе наполи 15 години ќе има право да биде член на управниот одбор.

Самиот наслов на здружението ни кажува дека ова хуманитарно здружение ќе им помага на деца кој имаат пречки во психо- природниот развој, вклучувајќи ги и децата од социјално загрозени семејства.

Приходите од хуманитарните активности, проекти, музичко- ликовни и литературни настани исклучиво ќе се наменети за помагање на горенаведените цели, велат.

Потпишан е и првиот меморандум за соработка со ,,ЈУ Завод за рехабилитација на деца и млади од Скопје”. Воедно дел од тие деца се и гости на првиот настан кој ќе настапат со музички точки. На настанот ќе се промовира и збирка позија ,,Примабалерина” посветена на Катерина Радевска од Скопје, дете со попреченост.

Автор на збирката е самата Оливера Јовановска, која е и поетеса.

Рецезентки: Гордана Такец, Ванѓа Н. Радевска и Лидија Лучко Јеремиќ.

Модератот на настанот: Анита Бошкова.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.