ООУ „Страшо Пинџур”- Неготино добива сензорна соба

28

понеделник, 21.11.2022 година, ООУ „Страшо Пинџур” – Неготино ќе располага со сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема. Оваа активност е спроведена како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската Унија и претставува уште една активност во насока на подобрување на инклузивноста на основните училишта во државата.
Отворање на оваа сенозрна соба, закажано за понеделник, 21.11.2022 година е во 10.30 часот и каде потврдено присуство имаат членови на Фондација “Чекор по чекор” која го спроведува горенаведениот проект, градоначалникот на Општина Неготино и претставници наопштината, како и директорот на ООУ “Страшо Пинџур”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.