Предлози за новата Национална стратегија за млади 2023- 2027

41

13.03.2023

Членовите на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, службеникот за млади од Општина Гевгелија, како и претставник од РЦОР- Гевгелија, на покана од Агенцијата за млади и спорт, учествуваа на регионалната средба во Струмица, давајќи предлози и забелешки по Нацрт- верзијата на новата Национална стратегија за млади 2023- 2027 година.
Средбите се организираа во сите плански региони во државата, а во рамки на втората фаза за консултации со младите, младинските организации, организациите за млади, на локалните самоуправи и Локалните младински совети за давање придонес во подобрување на стратешкиот документ, во кој се утврдуваат среднорочни цели и приоритети за развој на младинските политики и унапредување на интересите на младите.
Нацрт-текстот на Националната стратегија за млади може да се најде на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт, на следниот линк: https://api.ams.gov.mk/wpcontent/uploads/2023/02/nsm-23-27_draft.pdf.
Сите млади можат да доставуваат забелешки и предлози онлајн, на електронскиот систем Енер, на следниов линк: https://ener.gov.mk/Default.aspx?
item=newdocumentdetails&detalisId=48.
Процесот за изработка на новата Национална стратегија за млади 2023 – 2027 го спроведува Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите: Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации – УНФПА и Програмата за развој на Обединети нации – УНДП.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.