В среда, на 5 ноември 2025 год., во 11:00 часот, во Францускиот институт во Скопје, ќе се одржи Прес Конференција за печат, со воведно обраќање на Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција во С. Македонија.
Проектот за востановување на наградата “Роскан Стојанов“ќе го претстави проф. д-р Рисима Рисимкин, основачка на Танц фест и на Катедрата за Современ танц и Балетска педагогија на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Воедно, Роксан Стојанов, прва балерина од француско-македонско потекло која се стекнува престижното признание – Ѕвезда на Париската опера, преку видео порака ќе им се обрати на присутните и ќе ги покани младите да бидат дел од оваа награда, која има за цел да ги охрабри младите таленти и да ја зацврсти француско-македонската културна соработка.

































