Прва средба и перформанс со деца, на Македонците од Азурен брег

729
На 30.октомври во салата Агора, во Монако за прв пат беше одржана Манифестација за Македонците од Азурен брег. Во рамки на оваа манифестација, беше одржана и прва средба на Македонците од овој дел на Франција а со младите беше изведен перформансот “Силјан штркот на пат кон Франција”-современа драмска игра по мотиви на познатата македонска приказна.
Манифестацијата е во продукција на Елена Голомеова, која е присутна во културниот живот на Азурен брег а во реализација на проектот учествуваа македонски и француски  соработници од областа на културата.
Проектот е финансиран од Владата на РС Македонија а успешната реализација беше помогната и од администрацијатана Азурен брег и од советникот на Принцот од Монако.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.