Првата Детска амбасада во светот “Меѓаши” прославува 30 години постоење (1992-2022)

44

По повод одбележувањето на 30 години постоење на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, и 30 години борба за поправеден свет за децата, ќе се организираат неколку настани во наредните три дена.

Прв ден

Промоција на книгата ,,Разрушени меѓи“ – зошто се важни бегалските приказни. Медиумите се поканети на платформата ZOOM, а промоцијата може да се следи во живо на https://www.facebook.com/detskaambasadamegjashi и да се поставуваат прашања кои потоа ќе се проследуваат до говорниците.

Промоција на книгата ,,Разрушени меѓи“ – зошто се важни бегалските приказни

Датум: 27.04.2022 година

Час: 17. 30 часот

Втор ден

Гала донаторската аукција по повод 30- годишнината од формирањето на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Гала донаторска вечер насловена како „Да ги вратиме детските насмевки во мода“ ќе се одржи:

Во четврток, 28 април

со почеток во 19.30 часот

во ресторан RAGUSA 360, Rooftop

Катна гаража 26 јули, ул. „Св. Кирил и Методиј“

Сите собрани средства ќе бидат насочени за поддршка на работата на Ало Бушавко, линијата преку која веќе 29 години децата и нивните блиски можат да побараат совет, помош или поддршка од секој вид. Оваа линија е единствена СОС линија од таков вид во Македонија и е специјализирана да овозможи 24 часовна поддршка на која само минатата година се регистрирани 329 јавувања, 30% повеќе од 2020 година. За жал, овие бројки само ја одразуваат реалноста на проблемите предизвикани од пандемијата и ја изразуваа зголемената потреба на корисниците, која за да ја одржиме на потребното ниво е потребно да ја зајакнеме со дополнителен професионален и обучен тим. Наша желба е преку обезбедените донации да овозможиме, непречена работа на Ало Бушавко во текот на целата година. Токму затоа, во рамките на нашиот проект, наша мисија да обезбедиме што повеќе донации со што би им помогнале на што повеќе деца и семејства, вели организаторот.

20 часот – Официјално отворање на гала донаторската вечер

Краток филм за Детската амбасада “Меѓаши” низ годините

Обраќање на Драги Змијанац основач и претседател на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”

Презентација на Монографијата “МЕЃАШИ 1992-2022”

20.45 часот – Јавна аукција

Во организација на Меѓаши, веднаш по завршувањето на официјалната програма е предвиден коктел и забава со DJ.

Трет ден

Во петок, 29 април

со почеток во 11 часот

пред Првата детска амбасада во светот Меѓашиу л.,,Коста Новаковиќ” 22 a, Скопјеа, магионичарот Кристијан Шопов за децата од Дневниот центар за деца на улица ќе има презентација на магија, волшебство и несекојдневни доживувања.

“Меѓаши” е формирано на 29 април 1992 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.