Работилница за дизајнирање на видео игри за основци во Свети Николе и Делчево

28
9 јуни 2022
Вчера и денеска во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе и во Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи работилница за дизајнирање на видео игри за основципод менторство на Милан Петровски.
Работилницата е наменета за деца од 7мо до 9то одделение. Идејата е децата да се запознааат со концептите поврзани содизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин.
Исто така, денес на 9ти јуни, во соработка со Go Green во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи и предавање за заштита на животната средина за намалување, реупотреба и селекција на отпад. Во рамките на предавањето ќе биде претставена еко-иновацијата – мобилна станица за селекција со соларни панели кои ја создаваат струјата потребна за
проекцијата на филмот.
Настаните се дел од проектот „Видеоигротека“, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.