На денешен ден: Сто години од раѓањето на Овчарот

138
На денешен ден , 14 ноември година, роден е Наум Веслиевски Овчарот. Оваа година се навршуваат сто години од неговото раѓање.
Наум Ташков Веслиевски – Овчарот (село Златари, Ресенско, 1921- село Јанкоец, Ресенско, 28. 12. 1972) – македонски партизан, потполковник од НОВЈ и деец на НОВМ.
Бил комунистички деец, легендарен воен командант и потполковник на НОВЈ, член на СКОЈ (1941) и КПЈ (1942) и еден од организаторите на НОАВМ: заменик-командант на НОПО „Даме Груев” (1942), командант на Првиот НО баталјон „Мирче Ацев” (18. Ⅶ 1943), политички комесар на Третата македонска НОУБ (март – 6. Ⅷ 1944), командант на Втората македонска НОУБ (25. Ⅷ – 25. IX 1944), командант на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ (25. IX 1944 Наум Веслиевски- Овчарот 1945) и командант на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ (1945). Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ.
По Ослободувањето ја завршил Воената академија „Фрунзе” во Москва (1945-1947), а по враќањето бил командант на Третата ударна дивизија. Осомничен во врска со Резолуцијата на Информбирото, западнал во психичка криза и трагично завршил во душевната болница „Бардовци”.
Опеан е во една народна песна.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.