Општината Македонски Брод и Сојузот за младинска работа, во среда напладне, на 14 август 2024 година, свечено ќе го отворат Младинскиот Центар во Македонски Брод, кое ќе биде културно собиралиште на младите од овој крај.
-Со ова заедно со младите да го одбележиме Светскиот ден на младите, кој се слави на 12-ти август, се вели во поканата која ја упатуваат за свеченото отворање.
Во рамките на свеченото отворање ќе се одржи и работилница со млади.
Младинскиот центар се наоѓа на ул.„Партизанска“ бр. 22/ СОУ „Св. Наум Охридски“.
