Сеќавање на Петре М. Андреевски

9

25.09.2024

Македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор, академик

Петре Мито Андреевски е роден Слоештица, Демирхисарско, на 25 јуни 1934 година а починал во Скопје, 25 септември 2006 година.
Попознат е како Петре М. Андреевски.
Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.

Петре М. Андреевски

Роден/а
25 јуни 1934
Слоештица, Демирхисарско, Кралство Југославија
(денес Македонија)
25 септември 2006 (на возраст од 72 години) Скопје, Македонија


Значајни дела

Пиреј, Дениција

Деца
Сергеј Андреевски

Животопис

Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност.
Работел во Македонската телевизија, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател).
Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. По неговата смрт, на 9 октомври 2007 година, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, посмртно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Во 2022 година, во родното село Слоештица, е отворена Спомен- соба во чест на Петре М. Андреевски.

Книжевно творештво

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.

Стихозбирки:
Јазли (1960)
И на небо и на земја (1962)
Дениција (1968)
Дални наковални (1971)
Пофалби и поплаки (1975)
Вечна куќа (1987)
Лакримариј (1999)
Збирки раскази:
Седмиот ден (1964)
Неверни години (1974)
Сите лица на смртта (1994)
Боеми (посмртно)

Романи:
Пиреј (1980)
Скакулци (1983)
Небеска Тимјановна (1988)
Последните селани (1997)
Тунел (2003)
Бежанци (посмртно)
Книга со драми (1984), во која влегуваат:
Време за пеење
Богунемили

Есеи:
Сегашно минато време (2006)

Стихозбирки за деца:
Шарам барам
Касни- порасни (сликовница)

Награди
Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати). Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Во 2007 година е посмртно одликуван со Орденот за заслуги за Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.