Со “oреови” стихови, поетите востановија нов македонски ден за славење!

138

Официјално е заштитник на здравјето на човекот, а хранливите и лековити својства на оревот се нешто што е познато на сите. Но, за бројни македонските поети тоа е мотив кој деновиве го разнежни нивното перо, и даде вкусни поетски плодови од преку триесеттина песни, кои го опејуваат и величаат ова корисно дрво, украс на природата.

***
Од една идеја, под тој мотив се создадоа благородни песни кои под ореовата ладовина  во скопскиот ресторан “Ореов лад”, во неделното попладне, на 30 октомври 2022 година,  на оревот поетски му се обратија- Горан Анчевски, Катерина Митковска, Лидија Лучко Јеремиќ, Лилјана Стоилковска, Димитар Илиевски, Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе.Ѓе., Валентина Ѓоргиевска Парго, Благица Марковска, Розе Трајковска, Лиле Колевска, Викторија Велева, Даниела Царулевска, Виолета Василевска,  а нивната поетска реч ја обвиткаа со магични ноти на гитари Миле Јовановски Поречанец и Ристо Лијаковски (некогашен член на октет “Македонија”),  кои ги отвсирија најубавите македонски песни, а ги пееја заедно сите присутни.


Се прочитаа и “ореови” стихови песни од напишани Христо Петревски и Сузана В. Спасовска дури шест песни, Оливера Јовановски, Мендо Димовски …
Идејата потекнува од македонски хуманист и сликар Живко Поповски Цветин, кој за овој нов поетски празник наздрави со часа вино, во негово име и во име на организаторот, неговото здружение за традиција и обичаи “Гороцвет”, а од страна на соорганизаторот, фондација “Др Никола Кљусев” присутните ги поздрави д-р Људмил Кљусев и младиот студент Емануел Кљусев.

***
Од Шекспир, преку Његош, до македонските поети, времепловот на опејување на оревот е доста долг, па така Парго во својата творба вметна стих од Шекспир на оваа тема, Ѓе.Ѓе., потсети на стихот од Његош за непокорливоста на оревот- “Ти го кршиш тој забите ти ги крши” (“Горски венец”), а Цветин раскажа многу повеќе за убавината и корисноста кои го прават магичен овој дар на природата.

-Оревот наизглед има формата на човечки мозок, а, и делува како превенција за мозочен удар, срцев удар, дијабетес и други болести. А од уметнички аспект оревот е сликар на околината околу него и затоа од неговото стебло во дрвната индустрија се користи за лицето на мебелот. Цврстината на ова дрво пак им овозможува на резбарите да го користат за нивните резби, а сликарите иконописци за изработка на  икони. Затоа оревот е опишан во песните на поетите, во музичките нумери и фолклорот, во балетот, во “Оревокршачка”. Треба ли да напоменувам и какви сѐ други благодети нѝ нуди?, вели идејниот творец Цветин.
Неговата 20 метри Цветна патека на мирот го обиколи патот од оревот до поетите- учесници, кои на подарок добија и негови цветни цртежи, како и сите други гости: професор д-р Трајче Дојчиновски, Венче Билбиловски претседател на Здружение “Матица”,  пилотот Стево Стефановски, Рената Маркова, пчеларка , новинарката Милева Лазова, сликарот и скулптор Ристо Андреев кој на ореово дрво изработи икона на Света Петка и ја изложи на овој треперлив настан.

-Ова е национална манифестација. Македонија е богато подрајче со ореви, оревот секаде може да се слави. А како познавач на нашите обичаи ќе споменам дека се верува дека во оние ореови гранчиња кои се шупливи, се наоѓаат душите на умрените и затоа за Духовден се зачистуваат и со вода мијат гробовите на умрените, и на нив се става гранка од орев.Лушпата од орев пак се користи за бојосување коса , а јатките за лек за ореовница. Оревот е застапен во националните слатки, кај сите нации, без оглед на вера нација, и во баклава, и во оревници, и во торти…Овој пат се засладивме со баклава и други слатки од Апче во кои оревот е незаменлива состојка и погача со орев од Силбо, нѝ рече на крај Цветин,предлагајќи ова славје да стане традиција и национален празник на “ореовите” поети.

 

 

Фото: Драган Цвијетиќ

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.