Со свеченост одбележана 150 годишнината на великанот Гоце Делчев

93

Со рецитал посветен на македонскиот бесмртен револуционер и учител Гоце Делчев, и преку 50 – тина уметници од разни сфери, денес пред неговиот споменик во скопскиот Градски парк и пред бројна публика, се одржа свечена манифестација, чествување на 150 годишнината на апостолот на македонската револуционерна борба.
Големата свеченост беше во организација на уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин, македонското здружение за култура ,,Гороцвет,” и Здружението на просветни работници на Град Скопје.
Пригодни настапи и зборови од поетите и уметници Катерина Митковска, Лилјана Стоилковска, Лидија Лучко Јеремиќ, Ванѓа Радевска, Мендо Димовски, Ѓорги Ѓоргиевски- Ѓе. Ѓе, Тања Стоилковска, Билјана Ѓоревска, Стево Стефановски, Љубиша Николиќ, Димитар Илиевски, Валентина Ѓоргиевска Парго, Викторија Велева, хорот “Серенада”, професор доктор Вера Антиќ, Миле Јанковски…
Трепет, восхит, почит, пиетет од сите присутни, преку секој кажан збир, стих, рефрен, цртеж, и долгата цветна лента со 150 цветови, насликана од Цветин.
Оваа година се одбележуваат 150 години од раѓањето, и 119 години од бесмртноста на славниот македонски војвода.
Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
На денешен ден во 1903 година е опколен и погубен во Баница. Цела оваа година преку разни свечености и настани во сите градови и села се чествува годишнината од неговото раѓање.

smart
smart
smart
smart
smart
smart

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.