„Сите сме рефлексија на животната средина“,

12

Клубот за младински активизам при Младинскиот образовен форум (МОФ) заедно со заедно со уметникот и скулптор Андреј Миневски и Зеукстритон, здружение за заштита на екологијата и унапредување на културата и спортот во четвртокот (29.09.2022) во Општината Ростуше ја спроведоа еколошката акција „Сите сме рефлексија на животната средина“.


„Ова сме ние“, „Сите сме рефлексија на животната средина“, „Ова е огледало на еколошката (не)свесност.“, „Ова е огледало на (не)одговорноста за животната средина.“, „Како да ја разубавиме сликата во огледалото?“ се дел од пораките пренесени на петте вертикални огледала што беа поставени во центарот на Ростуше.

Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест кај граѓаните на општината и да се „притиснат“ институциите да преземат нешто околу дивите депонии. За две години во Ростуше се мапирани 42 диви депонии, згора на тоа општината до скоро немаше градоначалник, а јавното комунално претпријатие не може да постигне да го собере отпадот што настанува од домовите на жителите.
Жителите кои ја посетија акцијата велат дека се свесни за недоволната грижа кон природата и упатија апел кон своите сограѓани и надлежните институции да соработуваат за почиста средина. „Да ја чуваме околината за нашето и за здравјето на животните“, изјавија младите минувачи.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.