Среќен роденден Пинокио!

8

На седми јули беше прославен уште еден роденден на славниот лик Пинокио.

Пинокио е измислен лик и протагонист на романот за деца „Авантурите на Пинокио“ (1883) од италијанскиот писател Карло Колоди од Фиренца, Тоскана. Пинокио бил издлабен од резбар по име Џепето во едно тосканско село.

Создаден е како дрвена кукла, но сонува да стане вистинско момче. Тој е познат по својот долг нос, кој расте кога лаже.

Авантурите на Пинокио првично беа објавени во сериска форма во Giornale Per i Bambini, едно од најраните италијански неделни списанија за деца, почнувајќи од 7 јули 1881 година.

Во оригиналната верзија во серијата, Пинокио умира со страшна смрт: обесен поради неговите безброј грешки, на крајот од поглавјето 15.

На барање на неговиот уредник, Колоди ги додаде поглавјата 16-36, во кои Самовилата со тиркизна коса го спасува Пинокио и на крајот го претвора во вистинско момче, кога ќе стекне подлабоко разбирање за себе, правејќи ја приказната попогодна за децата.

Во втората половина од книгата доминантен лик е мајчината фигура на Синокосата самовила, наспроти татковската фигура на Џепето во првиот дел.

Во февруари 1883 година, приказната беше објавена во една книга со огромен успех. Детската литература беше нова идеја во времето на Колоди, иновација во 19 век. Така во содржината и стилот беше нов и модерен, отворајќи им го патот на многу писатели од следниот век.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.