Ердал Лушо од Струга тргна сам со едрилица преку Атлантикот — од Португалија до Карибите за 40 дена.
Стружанецот Ердал Лушо ја започна неверојатната авантура — сам ќе плови со својата едрилица „Пиксел“, која ја градел цели 16 месеци, преку Атлантскиот океан.Тој е единствениот учесник од Македонија и еден од само осумте натпреварувачи во светот кои успеале да се квалификуваат за оваа екстремна прекуокеанска трка. Според правилата, сите учесници мораат самите да ја изградат својата едрилица.
Трката започна во Португалија, а целта е да се стигне до Карибите за околу 40 дена, користејќи само ветер и знаење за навигација. Лушо веќе е во Португалија, каде што требаше да ја започне трката на 11 ноември, но поради лоши временски услови, стартот е одложен за неколку дена.
„По топлиот пречек во Лисабон, тргнавме кон Сагреш – стартната точка на трката. Поради невремето, се засолнивме во Портимао и ќе останеме таму неколку дена за подготовка“, сподели Ердал на Инстаграм, додавајќи дека и покрај мали технички проблеми, и тој и едрилицата се во добра состојба.
Капа долу, јунаку.
Поддршка од сите. Те следиме!
Фотографии од неговиот Инстаграм профил



