Уредникот Иван Андреевски доби Цветинова награда за мир

213

Познатиот новинар, сега во пензија, а некогаш и познат уредник во Македонка телевизија Иван Андреевски, денес ја прими “Цветиновата награда за мир”. Истата, беше објавена на седми јули годинава, на Иванден.
Наградата ја доделува нашиот нашироко познат уметник- хуманист и нобеловски кандидат Живко Поповски Цветин, кој вели дека  Андреевски ја заслужил оваа награда со поддршката што му ја укажувал како уредник на утринските емисии на Македонска телевизија, на почетокот на неговата миротворна уметничка мисија, со што му дал голема сила и самоувереност дека е на вистински пат.

-Уште од почетокот на мисијата “Цвеќе на мирот” бев поддржан и од него како медумска личност, а многупати ме заштити и од одредени уметници кои реагирале во стилот- “зошто само Живко е често на програмите?”. Неговиот одговор бил конкретен “Правете и вие хуманитарно дела како Живко и ќе го добиете истиот медиумски третман. И еве се покажа дека и до ден денес Цветин ги има истите принципи да подарува  да биде солидарен”, знае да каже овој познат уредник. Можам да кажам дека ми значеше што Иван ја протежираше мојата максима “На Светот му се потребни мир, храна и солидарност” и тој не само што мојата работа ја претставуваше пред македонската публика, туку и ме вклучуваше на тогаш познатата и гледана телевизија Јутел и на Слободна Европа, кога бевме во рамките на СФРЈ, ни раскажа Цветин.

***
Иван Андреевски  е роден на  25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист. Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони. Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија. Од 2006 година. е член на Советот за радиодифузија.  Во новинарските кругови е познат и како Иван Мачето.
Наградата денес ја прими во Скопскиот ресторан Камник- Чамо, во присуство на Вања Вардијан, уредник за култура на Тв Љубљанa.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.