Во малиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУДом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, на 12.11.2025 во пресрет на празникот, „13 Ноември“- отворена е самостојната изложба на м-р Весна Радишиќ Ацковска, насловена „Имагинарен пејзаж“. По повод празникот на Град Скопје, свеченото отварање е одбележано со настап на ХМД „КОЧО РАЦИН“-Скопје, под диригентската палка на Ангелина Спасовска. По тој повод хорот исполни традиционални теми од творештвото на македонски автори.
Проектот е поддржан од ЈУДом на култура „Кочо Рацин“ Скопје и од Град Скопје во рамките на Годишната програма за финансирање на проекти од областа на визуелни уметности, дизајн и архитектура за 2025 година.
Оваа изложба е посветена на апелот за зачувување на природата која е се повеќе девастирана од човекот и се поголемата технологизација.Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визулени уметности, дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, која истакна дека „уметницата е континуирано посветена во поголем дел од своето творештво на природата, осмата, оттуѓувањето на човекот од природата, иако е тој архетипски во својата генеза интегрален дел од природата и токму тоа е најголемиот парадокс , уништувајќи ја природата го уништува воедно и своето опстојување во сите сфери и биоарелаи, како неразделен сегмент од неа. А творештвото на уметницата останува препознатливо не само тематски, туку и изразно доловувајќи ја ненаметливо, а сепак сугестивно поетиката на пределите, но и на осамата на човекот се подистанциран од природата, навраќајки не на миг и на поврзница со нејзините дела во кои некогаш се наѕираше во аурата на мизансценот , реален и надреалне едновремено, и осамата, оваплотена во деперсонализирана фигурација, со аура на резигнација и меланхолија…. созадвајќи ја во имагинарниот пејзаж некогаш и аурата на метафизичкото, речиси нестварно во пределот, кој е воедно и реален и надреален, стварен и неставрен, некогаш како простор во простор, со имагинација, исполнета со сегменти на илузија помеѓу времето сегашно, минато и идно, некаде како на миг запрено или херменевтички деконструирано….со како самопоникнати фрагменти од структурите во пределот, кои добиваат артикулација на мизансцен… со сугестивен или кревок акцент на затечени или имплементирани симболи во спасажите, во аурата, во измаглицата, на пределот … Тие како самопоникнати се воедно и поврзница помеѓу реалното и надреалното, помеѓу јавето и сонот, во поривот за потрага по хармонија – воедно тивка и звучна, како поврзница, помеѓу едновремено сегментите и симболите кои го одразуват стаменото, силното, вонвременото но…. едновремено и кревкото, суптилното, минливото, во природата и во човекот низ разнообразни мени на Денот, на пределот, на Мигот од цикличноста во природата“ истакна Виолета Калиќ по повод оваа самостојна изложба на м-р Весна Радишиќ Ацковска.
Галерија од настанот

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.































