Во Риека реализиран проект “Пат кон изврсноста во поучувањето на македонскиот јазик“

Во периодот од 31 октомври до 2 ноември 2025 година во Риека се одржа едукативниот проект „Пат кон изврсноста во поучувањето на македонскиот јазик“, чиј носител е Македонското културно друштво „Илинден“ – Риека, kоординатор Сашка Соломоновска Јаневска, а проектот е финансиран од Министерството за наука и образование на Република Хрватска.

Во проектот учество зедоа наставничките по македонски јазик по Модел Ц во Хрватска, кои активно работеа на унапредување на своите компетенции и методички пристапи во наставата.

Посебна благодарност до водителката на работилниците Ана Братулиќ за професионалното и инспиративно излагање на зададените теми, како и до претседателот на Заедницата на Mакедонците во РХ Илија Христодулов и претседателката на МКД „Илинден“ Ивона Дуноски за нивната поддршка, гостопримство и посветеност во реализацијата на проектот.

Со вакви иницијативи се создаваат услови за постојан професионален развој и унапредување на наставата по македонски јазик во Република Хрватска.

Галерија од настанот. Фотографиите се од Деспина Велинска, наставник по македонски јазик и култура во Загреб.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.