Voices magazine Skopje-Интервју со поетската група „Заеднички шепотења“

1045

Можеби најактивна група на поети кои организираат поетски читања во државава е групата „Заеднички шепотења“. Нивните активности докажуваат дека со упорност вистинскиот квалитет може да исплива на виделина.

pexels-photo-267523

Не се ограничени на учесници од нашата држава и со возраст, но очигледно е дека бројот на млади учесници им расте. Долгогодишните известија од различните тела на ЕУ укажуваат на една сомнителна книго-издателска политика каде квалитетот и автентичноста се неважни. Ова е карактерситично за целиот регион, но особено за Северна Македонија. Овие оптимистични поети кои на свој трошок, во овие скудни времиња, патуваат на читањата кои се одржуваат на различни места низ државава, наговестуваат подобри времиња во културата. Ги запознав преку ФБ и неодамна учествував на нивното читање во Скопје, со моја поезија.

Живееме во високо технолошко општество. Каде ја гледате рољата на поезијата во него?
Поезијата има важна улога во општеството исто како и поетите. Поезијата користи силни ментални слики претставени преку зборови кои носат голема вистина. Во денешно време таа е сѐ повеќе застапена на социјалните мрежи и на повеќето портали. Мислам дека сѐ повеќе ќе ја има како електронски изданија, како дел од настани и сл. Сѐ на сѐ поезијата веќе станува глобална. Поезијата ги предизвикува луѓето да чувствуваат.

pexels-photo-261763

Зошто поезијата се враќа во разонодата?
Не би можеле да ја наречеме поезијата разонода. Според мене поезијата е потреба. Таа постои за да ја облече вистината во нова облека. Покрај тоа и да ја украси со добрина и љубов. Така да од она читање за разонода таа успева да предизвика повисоки и поблагородни емоции. Преку сликата која ја создава кај читателот.

Како чувствителноста на човекот реагира на поезијата- кога е несреќен и кога е среќен?
Човекот е среќен или несреќен. Веројатно средината каде што ништо не се чувствува или малку се чувствува малкумина ја познаваат. Сепак таа знае да разбуди радост и среќа кај несреќните. Да го отвори изворот на надежта кај безнадежните. Ниту еден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континент. Така да поезијата тука ги допира луѓето како една целина.

photo-1476275466078-4007374efbbe copy

Ова е не мала група на поети кои се многу автентични. Но не е тајна дека некои од најреномираните домашни имиња се плагијатори – што за жал важи и за сите други уметности… Зошто е кај нас уметноста толку неправедна или е тоа нормална работа? Кралицата Елизабета од Велика Британија на времето рекла дека писателите се најголемите крадци…
Секој еден поет го пишува она што го има во себе. Пишува затоа што има премногу љубов па мора да ја истури, или премногу болка што не може да ја издржи. Можеби се погодило да се слични емоциите ако гледаме од добрата страна. Во секој случај има такви кои се плагијатори. Но тие не се поети, веројатно и самите не знаат што сакаат. Секако таквиот однос кон поезијата и кон другите автори е нечесен.

Што прво настанало – филозофијата или литературата, односно поезијата или прозата?
Поезијата и прозата се две страни од една паричка. И двете содржат идеи и можат да бидат прекрасно напишани. Но сепак прозата е комуникација додека поезијата е уметност. Така да која од нив е прва е релативно. Веројатно постојат за да се надополнуваат. Прозата да ја објаснува поезијата, а поезијата да ја разубавува прозата.

Како ја рангирате поезијата со сите други уметности?
Некои луѓе велат дека поезијата е повеќе описна од другите уметности. Додека други велат сликањето е повеќе описно од поезијата. Мислиме дека сето тоа е погрешно. Онаа уметност која највеќе му се допаѓа на еден човек за него е најдобра. Важно е што поезијата како и сите други уметности буди емоции. И успева да пренесе порака.

Интервју од Игор Поп Трајков

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.