Утревечер, фестивалот ќе го отвори амбасадорот на Република Италија,
Паоло Палминтери во 20 часот, во киното „Фросина“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Засекогаш со тебе“ (Io non ti lascio solo) на режисерот Фабрицио Катани. Овој филм
неодамна ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Локарно.

Младите учесници од другите земји ќе бидат сместени во фамилиите на нивните врсници
од Скопје.
Учесниците во текот на петте дена ќе гледаат филмови, ќе се вклучуваат на дискуции и
мастеркласови и тиа ќе одберат да учествуваат на една од седумте креативни
работилници на кои ќе може да креираат филмови, фотографии, стрипови и перформанс.
На фестивалот ќе се придружи и г- дин Клаудио Губитози, основач и директор на Филмскиот
фестивал Џифони од Италија на чија иницијатива пред 13 години беше создаден
фестивалот „Џифони Македонија“ како еден од најважните столбови на „Џифони“ визијата
во балканските земји.
На крајот од фестивалот, меѓу учесниците кои ќе бидат најактивни во дискусиите и
работилниците, ќе рециклираат и ќе бидат добри домаќини на гостите од странство,
најдобрите 12-мина ќе бидат избрани за учество на Филмскиот фестивал Џифони во
Италија во 2026 година и како и други меѓународни фестивали во Европа.
Свеченото затворање на фестивалот е на 1 октомври со почеток од 19 часот и
претставува презентација на целата креативната работа кои учесниците ја направиле на седумте работилници во текот на петте дена. Ќе бидат изложени сите фотографии и
стрипови и ќе се прикажат сите кратки филмови направени од учесниците во текот на
фестивалот. Овој последен ден од фестивалот е ден на радост кога се покажува
креативност и талентот на младите, но и тага поради разделбата со новостекнатите
пријатели од сите земји учеснички.
Сите проекции на филмови, работилници и содржини наменети за младите
учесници на фестивалот се целосно бесплатни.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.