Дедо Мраз ќе биде дочекан на Железничка станица

54

29.12.2021
Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, денеска, организира традиционален дочек на Дедо Мраз за најмалите од општина Гевгелија. Оваа манифестација насловена како „Дедо
Мраз пак кај нас“ ќе започне со дочекот на Дедо Мраз на Железничка станица во 12 часот.
Новогодишниот карван, составен од родители и деца, со Дедо Мраз ќе се движи по улицата „Маршал Тито“ до
Градскиот плоштад. Дружењето со Дедо Мраз ќе биде збогатено со новогодишниот концерт на танцовото студио „Мистик“, претставувајќи се со кореографии инспирирани од урбаната и поп култура.
Инаку, денеска, во просториите на Пионерскиот дом, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
традиционално, ќе им додели новогодишни пакетчиња на дечињата од социјално-ранливите категории.
Доделувањето на пакетчињата ќе започне во 11 часот. Исто така, градоначалникот, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот „Мајка Тереза“ ќе им додели новогодишни подароци.
А вчера, го посети ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, каде на првоодделенците и другите ученици во ова училиште им ја честита Новата година. Истовремено, им посака многу успех во
натамошното школување, безгрижно детство и заедничко дружење. За време на посетата на првоодделенците им беа
доделени новогодишни пакетчиња, донирани од фирмата „Ветеринар“ во Гевгелија,која
по традиција, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на сите првоодделенци во Општината им доделува новогодишни пакетчиња, девет години по ред. Покрај нив, новогодишни пакетчиња ќе им бидат доделени и на првоодделенците во ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци и ООУ „Климент Охридски“ во Миравци.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.