Две преполни претстави на “Шеќерното дете” во Ресен

117

“Кога светкаат детски очиња од среќа, треперат срцата од возбуда, убави, нашминкани, дотерани во костими, се движат како улогите, насмевнати, сплотени како едно… Е тоа е круната на секој вложен труд цел ангажман за неколку месеци. Ако дишеш за децата тогаш си вечно дете во срцето, со овие зборови сценаристката на претставата Даринка Веслиевска го опиша задоволството, по премиерата и репеизата кои се одиграа во Ресен.
Премиерата на детската аматерска претстава„Шеќерното дете” се одржа на 20.09.2024 година во Големата сала на Општина Ресен пред 200 гледачи, а поради големиот интерес беше репризирана и на 23 септември. Адаптација на текстот е на Даринка Веслиевска според лектирното дело „Шеќерна приказна“ на нашиот познат македонски писател Славко Јаневски.
Режијата е на познстиот поет Сотир Чаушевски и на Даринка Веслиевска, сценографија на Виолета Колодезни, костимографија на Соња Шикалевска Ангелковски, музика Тони Карапанчевски Леко и Кристијан Милошевски, видео и фотографии Кице Герасовски. Во претставата играат деца од 6-13 годишна возраст.
-Се радуваме на покажаниот голем интерес за гледање на претставата „Шеќерното дете” посебно од страна на учениците затоа што ја знаат содржината од, за нив најубавата лектира „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски. Сите заедно повторно ја оживеавме приказната за Шеќерното дете кое храбро и достоинствено ќе го ослободи славејот од шумските арамии и ќе направивме убав спој прикажувајќи ги занаетчиите и нивните занаети, вели Веслиевска.
Покрај детската аматерска претстава имаше кратка презентација на сите активности од интердисциплинарниот проект „Шеќерното дете и занаетчиите “.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија и просторно од Општина Ресен.
Галерија




куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.