ИВАНА КАРГОВСКА: “Јами- јами” арт магии со шеќер и путер

352

Кога ги гледаш нејзините изработки на фотографија, се чувствуваш како да си ги вкусил тие слатки задоволства и дури некако го чувствуваш и вкусот, замислен на свој начин.

Ако ги вкусиш и се насмевнеш спонтано, секако за тоа е заслужен “шеќерот и путерот” , ако само ги погледнеш и се чувствуваш како веќе да си се засадил со овие “јами- јами арт магии” за тоа е заслужна нејзината уметност, што ја носи под прсти. .

Скопјанката Ивана Карговска 16 години работела како менаџер за маркетинг и продажба, и наеднаш оваа кулинарска уметност ја привлекла, па ја повлекла.
Сега, нејзино катче е фирмата Butterland.
– Почнав од љубов. Сакам уметност, а ова некако ми беше голем предизвик, зашто навистина не е едноставно да погодиш и вкус на торта, а и надворешно  сѐ да изгледа совршено…
Претпочитам рачна изработка бидејќи ми има некако посебна енергија. Не постои нешто што навистина не може да се изведе, но во Македонија навистина немаме пазар каде би пласирале уште поголеми дела, вели таа.
Децата не остануваат рамнодушни на овие слатки изработки, прсти да лижеш и да “израдуваш” и очи.

За КулАрт избравме дел од нив преку фотографии, за да ви ја доловиме нејзината вештина и уметност, на кул торти и путер колачиња, рачно цртани со кралска глазура (мафини колачиња со ѓумбир – gingerbread cookies).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.