Почетна ЖИВОТ За генерациите што растат Новогодишна џез магија за деца и возрасни, со Биби и Боби

Новогодишна џез магија за деца и возрасни, со Биби и Боби

По експресно распродаден прв концерт, во недела на 14.12.2025, од 13 часот, во Македoнска филхармонија ќе биде и вториот новогодишен концерт на Националниот џез -оркестар за деца и возрасни, инспириран од серијата за деца “Светот на Биби “ .Концертот ќе биде под диригентската палка на еден од најценетите македонски музичари и диригенти – Џијан Емин, а сите композиции што ќе бидат изведени се дело на композиторот Ангел Ќосев, автор на музиката во серијата „Светот на Биби“.

Најавениот прв концерт, закажан на 14 декември 2025, во 11 часот, во Македонската филхармонија, беше распродаден за само два дена – што е уште една потврда за gголемата популарност кај публиката на Биби и Боби.

Поради огромниот интерес, ќе има и втор концерт со почеток во 13:00 часот, со што уште повеќе деца и родители ќе имаат можност да уживаат во волшебното музичко доживување.

Концертот ветува незаборавно искуство исполнето со насмевки, позитивна енергија и новогодишна магија.

metropolis-big