Вчеравечер беше отвоено 13-то издание на Џифони-„Џифони Македонија“ им дава глас на младите 

Фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во 

центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „Џифони“ се роди во Италија пред повеќе од 50 години, од едноставна, но моќна идеја, да им даде глас на младите луѓе преку филмот, тоа е посебен момент за младите генерации, да го откриваат светот, различните култури, да ги споделуваат своите лични погледи на свет и да ги хранат своите умови. Фестивалот се реализира и во Скопје 13 години и многу сум горд што италијанската амбасада е меѓу промоторите и поддржувач на организаторот сиве овие години. Заедно сакаме да ви понудиме уникатна можност – да растете, да се вклучувате во меѓукултурен дијалог, преку јазик што е универзален, јазикот на филмот – рече Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во земјава, синоќа на свеченото отворање на 13. „Џифони Македонија“ во киното „Фросина“ во Скопје. 

Неговата екселенција им посака да уживаат, да го живеат ова искуство со многу ентузијазам и заемна соработка и да не забораваат дека на овој фестивал нивното мислење е многу важно. 

-Ќе видите филмови од различни земји, со свои специфични идентитети, но сите со универзални 
пораки за нашите улоги и одговорности. Ова нè потсетува дека уметноста и културата секогаш 
создаваат долги пријателства што ги преминуваат сите граници. Се надевам дека секој филм ќе ја 
поттикне вашата љубопитност и ќе се одрази на светот околу вас. Ќе имате можност да учествувате 
на работилници, ќе учите како се прават филмовите, како приказните се раскажуваат преку анимации, фотографија, стрип. Фестивалот ќе биде можност и за откривање нови таленти меѓу вас и да ја 
изразите вашата креативност. Вечерва гледате италијански филм, филм што ни покажува дека 
доброто пријателство не знае за граници. Вие сте духот на овој фестивал, не сте само гледачи туку 
сте и жири – рече Палминтери. 

Фестивалот „Џифони Македонија“ започна пред 13 години по иницијатива на г. Клаудио Губитоси, основачот на најголемиот филмски фестивал за деца и млади во светот, кого го очекуваме на 
завршната церемонија на фестивалот, најави Анастасија Јуруковска, програмски менаџер на „Џифони
Македонија“. 
 
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.