Заврши “Кураторски пракси во контекст “

6

Академија за уметности од Стокхолм и Локомотива, Скопје оваа година заедно го организираат курсот „Кураторски пракси во контекст“ чиј прв дел завршува денес, на 02.09.2022, во Струга. 

Отворениот курс „Кураторски пракси во контекст“ на Стокхолмската академија на уметности (СКХ) кој се реализира во соработка соВо недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес! Локомотива, на која присуствуваат 20 студенти од Европа, во петок го завршува својот прв дел насловен „Курирање во контекст“ во Струга, каде се одржува од 29.08.2022

Програмата во Струга понуди критичка перспектива и промислување како да се организира, теоретизира, промислува и прикажува уметноста. Студентите доаѓаат од Европа и во овие денови имаа можност да дискутираат, рефлектираат, теориски и практично да обработуваат текстови, како и различните кураторски практики засновани на (меѓународна) соработка. Овие практики кои го промислуваат работењето на кураторот надвор од дисциплинското разбирање на уметничката продукција, нудат нови модели на продуцирање, промислувае и прикажување на уметноста, вон воспоставената пракса на презентацијата во црната или белата кутија и политиките на репрезенација.

Директорки на курсот се Тове Салмгрен (Стокхолмски универзитет на уметностите) и  Биљана Тануровска- Ќулавковски (Локомотива), а програмата во Струга е ко-курирана помеѓу Биљана Тануровска- Ќулавковски и Славчо Димитров. 

Покрај бројните предавања, презентации, работилници наменети за посетителите на школата, студентите се сретнаа со локалната независна сцена: со организацијата ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам) која ја претстави Кристина Тодороска Петреска; со Лидија Мојсовска режисерка и извршен продуцент на Дрим шорт филм фестивал, која покрај фестивалот ги претстави и придружните програми за развој на краток филм, кои ги развива тимот на Дрим Шорт, а групата исто така имаше можност да се запознае и со индивидуални уметници од локалната заедница: Милко Несто кој заедно со други културни работници и музичари, разиваат идеја за нов алтернативен културен простор, над градскиот пазар во Струга; потоа со  Горан Ристовски и муралната уметност во градот и други..

Вчера во Домот на култура во Струга, се одржа и јавното предавање на Бојана Кунст, филозоф, драматург и теоретичарка на перформанс од Институтот за применети театарски студии на Јустус Лајбиг Униврзитетот во Гисен, Германија. Исто така, со свои работилници и предавања се претставија и теоретичари и куратори од Номад Танц Академија, Словенија, Рок Вевар и Јасмина Заложник, исто така, Номад Танц Академијата и проектот Неврзани движења, како и уметниците кои се дел од резиденцијалната програма „Критични движења“ на Локомотива и Номад,  Фрида Лау (Франција) и Елена Роус Лајт (САД).  

Други професори и предавачи на курсот се: Сергеј Присташ (Хрватска), Тове Салмгрен (Шведска), Биљана Тануровска- Ќулавковски (Македонија)  Силке Баке (Германија), Уна Бауер (Словенија), Рок Вевар (Словенија), Маријана Цветковиќ (Србија), Данае Теодориду (Грција), Јасмина Заложник (Словенија), Бојана Кунст (Словенија/Германија), Славчо Димитров (Македонија), Ана Ефраимсон (Шведска) и други.

Методите на работа на курсот се базирани на обезбедување на средина за соработка, поттикнување на самоорганизираните начини на работа и взаемни анализи, менторска размена и други пристапи кои ќе овозможат развој на знаењето преку процес на размена.

Курсот продолжува во Октомври и Ноември, а завршува со испитните сесии на академијата во Стокхолм во Декември.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.