Завршна конференција на „Пилот- проектот за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“

53

Завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, која ќе се одржи на 18 декември во Скопје, а ја организира Г.О. Новинари за човекови права во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ- Австрија.
На завршната конференција ќе се промовира веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца, najdime.org.mk, на три јазици, македонски, албански и ромски јазик, која фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи. Воедно ќе се промовираат и останатите постигнувања од проектните активности во изминатите две и пол години, препораките до институциите, а со сите засегнати чинители, претставниците на институциите, бизнисите, експертите, ќе се продискутира и за бенефитот од размената на искуства, олеснетата меѓуинституционална размена на информации и поддршката на системот за алармирање за да се намали ризикот од исчезнување на децата и да се забрза процесот на наоѓање.
Воедно ќе се продискутира и за начините на интензивирање на досегашната соработка во рамки на „Пилот проект за систем за рано предупредување на исчезнати деца“ кој вклучува различни засегнати страни (јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации, медиумите) со цел непречено функционирање на системо за алармирање и по завршувањето на овој проектен циклус.
Проектот се спроведува во периодот од 1 јули 2021 година- 31 декември 2023 година, со финансиска поддршка од Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.
Александра Радевска од НЧП е координатор на проектот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.